3.24.2020

Учење од дома

Почитувани родители и ученици,

По препораките на МОН и БРО наставата да продолжи со учење од дома, во овој училишен блог по информатика ќе ви го објавувам материјалот за учење по информатика.



Материјал за 6 одделение

Материјал за 7 одделение

Користете ја ЕДУИНО националната платформа за образование каде што има видео лекции за предметот Информатика за 6 и 7 одделение. Линкот до оваа страница е:

http://www.eduino.gov.mk/


Линк за превземање на програмата Scratch 1.4 која ја имавме на училиште:

https://scratch.mit.edu/scratch_1.4

Треба да кликнете каде што пишува ScratchInstaller1.4.exe и потоа  exe фајлот треба да се инсталира на вашиот компјутер.
Се разбира може да ја користите и поновата верзија од програмата на следниот линк:

https://scratch.mit.edu/download

3.04.2012



Oваа учебна година 2011/12 првата македонска дама, г-ѓа Маја Иванова ја промовираше кампањата „Здрава храна за детство без мана“, чија цел е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана. Оваа кампања е дел од Програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која здружението на граѓани ОХО, во соработка со Министерството за образование и наука успешно ја имплементира веќе две години.
Учениците од 6 одд. изработија мултимедијални презентации на тема„ Здрава храна за детство без мана“. Погледнете ги!

Ове е презентацијата на Минев Александар 6а


Ова е презентацијата на Сандра Јосифовска 6а

Ова е презентацијата на Ема Николовска 6а
Ова е презентацијата на Дино Никочевиќ 6б

Ова е презентацијата на Христина Дурланова 6б

Ова е презентацијата на Билјана Таскова 6б

Ова е презентацијата на Моника Димитриевска 6б

Ова е презентацијата на Ева Таневска 6а



9.25.2011

Вежба за 7 одд.

Со помош на оваа вежба ќе извежбате поставување на заглавие, подножје на страница, фуснота и белешка.
ВЕЖБА

4.28.2011

Поим, Типови, Креирање на Веб Дневник Што е веб дневник (blog)
Blog е персонален дневник, дневна говорница, простор за соработка, излез за новости, колекција од линкови, ваши приватни мисли и коментари, забелешки за светот, коментари на секојдневието. Вашиот blog (веб дневник) е онаков каков што вие сакате да биде. Има милиони блогови во различни форми и големини, и во суштина не постојат строги правила. Со прости зборови, web дневник (blog) е веб сајт каде што вие пишувате за работи на продолжителна основа. Новите записи се прикажани на почеток, така вашите читатели ќе можат да прочитаат што е ново. Тие ќе можат прочитаното да го коментираат, да ви остават линк или да ви испратат email (електронска пошта). Откако се појави блогерството 1997-1999, блоговите го изменија целиот интернет, влијаеа на свери од општеството, милиони луѓе добија “глас” и можност да се поврзат со други луѓе. Многумина веруваат дека ова е само почеток.

Од каде доаѓа терминот blog
Поимот веб-дневник односно blog доаѓа од терминот “Web Log” за прв пат е употрбен од страна на Jorn Barger во 1997 година. Подоцна Peter Merholz на неговиот blog (www.peterme.com) на шега ќе го подели терминот “we|b log” на "we blog" и така е добиен денес популарен термин blog. Веб дневникот (blog-от) е најчесто одржуван од една личност (aвторот на еден блог често се вика блогер) каде редовно се објавуваат матерјали од типот на коментари, описи на случки, графички/виедо записи, новости и т.н. овие одделните написи на блог се нарекуваат „постови“, при што последниот објавен артикал се прикажува прв. Многу блогови ја извршуваат функцијата на персонални дневници. Читателот има можност да остави коментар што му дава многу важен интерактивен формат на веб-дневникот. Повеќето веб-дневници се текстуални меѓутоа има и такви кои се фокусираат на уметноста, фотографијата, видеото, музиката и т.н.

Типови на веб-дневници
Во зависност од видот на содржината која ја опфаќаат, меѓутоа и од начинот на кој содржината е прикажана постојат повеќе типови на блогови:
• Лични (Personal blogs)
• Прашални (Question Blogging)
• Корпоративни (Corporate blogs)
• Блогови според медиум (By Media Type)- видео vlog, линкови linklog, фотографии photoblog.
• Според уреди (By Device) – за мобилни телефони и PDA уреди moblog.
• Според тематиката- едукативни, модни, политички, туристички, за домаќинство...
• За домаќинство (House Blog).







Како да регистрирате ваш blog- видео презентација:




Blogovi na ucenicite od 6a
Каролина Аврамовска - http://www.animals-zivotni.blogspot.com
Ана Ажиеска - http://www.pingvini-penguins.blogspot.com
Андреј Андрески - http://www.fudbal47.blogspot.com
Александра Велјановска - http://www.seisesto-aveljanovska-aveljanovska.blogspot.com
Стефани Данаиловска - http://www.vicovii.blogspot.com
Стефани Јосифовска - http://www.vicovivicovi.blogspot.com
Стефани Радинска - http://www.sakamkucence.blogspot.com
Радован Спиридонов - http://www.mojdom-enterier.blogspot.com
Анастасија Трајковска - http://www.sport-sportskiigri.blogspot.com
Ања Петковска - http://www.albumi-photo.blogspot.com
Митески Максим - http://www.miteskimaksim.blogspot.com
Марија Николовска - http://vicoviii.blogspot.com
Дарко Пројковски - http://wowthebestgameever.blogspot.com
Rainbow Text - http://www.myrainbowtext.com


Бојан Петрушевски - http://www.bojanologija.blogspot.com
Маја Јакимова - http://www.todor-tose-proesk.blogspot.com
Елма Тахировиќ - http://www.zivotnitevosvetot.blogspot.com
Мурат Коца - http://vicovi-azamela.blogspot.com
Анамарија Ѓурчиновска - http://kucinja-kucinja.blogspot.com
Марија Ѓорѓиевска - http://domasnimilenici.blogspot.com
Елена Дојчиновска - http://elenadojcinovska.blogspot.com
Амра Еминовска - http://praistorija.blogspot.com
Тамара Младеновска - http://gorce-petrov.blogspot.com
Моника Пендароска - http://malkastra.blogspot.com
Мирјана Аврамоска - http://vidovidivizivotni.blogspot.com
Марија Динева - http://ucilistemaciliste.blogspot.com
Вито Силјановски - http://vicoteka-vito.blogspot.com
Стефан Стојоски - http://mpcstar130.blogspot.com

3.12.2011

Paint

Да научиме нешто повеќе за програмата Kolourpaint
Kolourpain
t




Алатки и функција:
Оваа алатка ни дозволува да селектираме фигури со слободна форма. Едноставно држејќи го левиот клик на глувчето обиколете ја формата за да ја селектирате.
Оваа алатка ни дозволува да селектираме фигури со правоаголна/елипсовидна форма. Едноставно држејќи го левиот клик на глувчето обиколете ја формата во правоаголник/елипса за да ја селектирате.
Забелешка: Откако ќе селектирате некоја форма може да ја преместувате на листот со помош на лев-клик-влечи-пушти. Исто така може да направите нејзина копија со помош на наредбата Копирај од менито Уредување . Потоа одберете ја наредбата Вметни од истото мени.
Гумата ни овозможува да избришеме било какви грешки при цртањето. Кога е селектирана ни дава можност за избор од четири големини на гумата, како што е покажано подолу. Едноставно треба да кликнете на саканата големина на гумата.
Лента за избор на големина на гумата
Кантичката е алатка за боење, која дозволува корисникот да ја обои внатрешноста на некоја форма со одредена боја. Се бира алатката за боење, се бира боја од палетата и се кликнува внатре во формата за да се исполни со избраната боја.
Собирач на боја
Оваа алатка овозможува корисникот да избере боја која и претходно ја искористил во цртежот. Ја користиме оваа алатка кога тешко можеме да погодиме иста нијанса, што претходно сами сме ја направиле.
Лупата овозможува да зумирате за да може попрецизно да обработите одделни делови од сликата.
Молив
Моливчето Ви овозможува да цртате со слободна рака користејќи го глувчето. Започнете избирајќи ја алатката од лентата. За да цртате држете го притиснато левото копче од глувчето додека го движите по листот.
Четкаl
Четката е слична на моливчето, бидејќи и таа овозможува да цртате по листот на истиот начин. Единствена разлика е што четката дава можност за избор на неколку форми и дебелини на четка од лентата која се појавува (погледни подолу).
Лента за избор на форма и големина на четка
Спреј
Спрејот служи за одредени спреј-ефекти на цртежот. Изберете ја алатката од лентата, изберете соодветна големина(густина) од лентата што се појавува, изберете боја од палетата и започнете со прскање движејќи го глувчето по листот, со притиснат лев клик.
Лента со големина(густина) на спреј
Текст
Оваа алатка овозможува додавање на текст во цртежот. Одберете ја од лентата и со глувчето означете рамка каде сакате да го испишете текстот. Ќе можете да одберете и големина, стил, фонт за буквите).
Линија
Ова е алатка за цртање на прави линии од една точка до друга. Одберете ја алатката. Одберете соодветна дебелина на линијата од лентата што се појавува(погледни долу) и нацртај линија со лев клик на почетната точка и влечење до крајната точка.
Лента за дебелина на линија
Крива
Оваа алатка овозможува цртање на криви линии или синусоди. Одберете ја алатката од лентат, одберете дебелина на линијата и нацртајте линија со влечење на глувчето. За да ја искривите линијата кликнете блиску до линијата од едната страна и уште еднаш од другата страна. Со вежбање ќе добиете повеќе искуство и подобри резултати при користење на оваа алатка.
Оваа алатка ни овозможува цртање на правоаголници и квадрати. Откако ќе ја одберете од лентата, се отвара лентата за избор на исполнетост (прикажана подолу), во која иамте три можности. Одберете една од можностите и нацртајте правоаголник почнувајќи од едно негово теме кон спротивното.
Забелешка: Држењето на копчето Shift додека цртате правоаголник, ќе резултира со исцртување на квадрат.
Алатката за цртање на многуаголници овозможува цртање на различни рамниниски фигури. Ја бираме алатката од лентата, бираме соодветен вид на исполнетост, цртаме една линија. Потоа се позиционираме на следното теме и кликнуваме еднаш на левиот клик. На овој начин ги цртаме и останатите страни. Многуаголникот го затвораме со двоен лев клик.
Забелешка: Ако сакаме агли од 45º или 90º, за да добиеме правилни многуаголници, држиме на копчето Shift
Елипса
Со оваа алатка се цртаат елипси и кругови. Ја бираме алатката од лентата, бираме соодветен вид на исполнетост и со лев клик влечи пушти ја цртаме елипсата.
Забелешка: Ако сакаме да нацртаме круг го држиме копчето Shift додека цртаме.
Заоблен правоаголник
Оваа алатка се користи за цртање на правоаголници со заоблени рабови. Се користи на истиот начин како и алатката за цртање на обични правоаголници.
Лента за избор на исполнетост
Кога ќе изберете една од алатките за цртање на правоаголник, елипса, многуаголник или правоаголник со заобленои рабови, може да изберете и вид на исполнетост. Има три можности кои се понудени и се бираат со лев кли на глувчето од лентата што се појавува.
Можност 1 – Само со оквирна линија.
Можност 2 – Со оквирна линија (во една боја), и исполнета внатрешност(во друга боја).
Можност 3 – Само со обоена внатрешност, без оквирна линија.

Палетата со бои од која може да избереме боја на линијата со лев клик на глувчето, или боја на внатрешноста со десен клик на глувчето(при избор на можност 2).
Со оваа алатка бираме дали некоја фигура ќе биде транспарентна.
- заднината на текстот е непроѕирна
- заднината на текстот е проѕирна,

Цртање геометриски облици
Цртање правоаголник и квадрат1 Одбери ја алатката правоаголник .
2 Одбери ги предната и задната боја.
3 Одбери една од дополнителните опции (само раб, раб и внатрешност, само внатрешност).
4 Нацртај правоаголник влечејќи го покажувачот дијагонално, во насока по твоја желба.


Цртање елипса и круг
1 Одбери ја алатката елипса .
2 Одбери ги предната и задната боја.
3 Одбери една од дополнителните опции (само раб, раб и внатрешност, само внатрешност).
4 Нацртај елипса влечејќи го покажувачот дијагонално, во насока по твоја желба.

Цртање правоаголник и квадрат со заоблени рабови
1 Одбери ја алатката правоаголник со заоблени рабови .
2 Одбери ги предната и задната боја.
3 Одбери една од дополнителните опции (само раб, раб и внатрешност, само внатрешност).
4 Нацртај правоаголник со заоблени рабови влечејќи го покажувачот дијагонално, во насока по твоја желба.

Цртање многуаголници
1 Одбери ја алатката многуаголник од лентата за алатки.
2 Одбери ги предната и задната боја.
3 Влечи го покажувачот за да нацрташ права линија (линија меѓу првото и второто теме).
4 Кликни онаму каде што сакаш да го поставиш следното теме на многуаголникот. Повторувај ја постапката во зависност од тоа колку страни сакаш да има многуаголникот.
5 Кога ќе сакаш да завршиш со цртањето, на последното теме
кликни двапати со левото копче од глувчето (двоен клик). Последното теме автоматски се поврзува со почетното теме.


Нека овие видео клипови ти помогнат да ги подобриш твоите вештини за цртање и ти дадат идеа за твојот нов цртеж.





2.25.2011

Линк за преземање на Kolourpaint
Кликни овдеLinkLink