12.04.2010

Kвиз за 7 одд. од темата Writer



10.21.2010


GIMP креации од нашите другарчиња од VI одд. по предметот Проекти од информатика
Тие имаа задача во програмата за цртање Gimp да нацртаат знамиња на држави.
Ова се знамињата кои ги нацрта Стефани Јосифовска од VIa одд.
















































Ова се знамињата на Ана Ажиеска од VIa одд.













Ова се знамињата на Радован Спиридонов од VIа одд.
















Ова се цртежите на Ана Ажиеска:















Ова се цртежите на Стефани Јосифовска:












9.14.2010

Лекции за 6 одд.

ПОДАТОК И ИНФОРМАЦИЈА
Кликни и прочитај! ОВДЕ!
КОМПЈУТЕРСКА ИСТОРИЈА

Кликни и прочитај!
1. Нешто повеќе за ENIAC.
2. Компјутерска историја
3. ENIAC-филм
Погледнете го филмот подолу, за развојот на компјутерите низ историjата.
Еволуција на компјутерите

Видови на компјутери
Примена на компјутерите
Компјутерска култура и етика
Прашања од темата-Основи на информатика

Како правилно се седи пред компјутер

Повеќето луѓе не седат правилно кога работат на компјутер и често патат од болки во грбот и други болести. Погледнете го филмчето за да научите во каква положба треба да биде вашето тело кога работите на компјутер.
http://www.youtube.com/watch?v=azCzW_0GADM&feature=player_embedded

9.11.2010



Упатство за инсталација на Open Office 3.0 на Windows

На работната површина направете нова папка во која подоцна ќе ја отпакувате програмата.
Кликнете на линкот за преземање на Open Office 3.0 кој ви го напишав на левата страна од блогот
. Потоа во дијалог прозорецот изберете-Сними ја датотеката. По избор на оваа опција започнува преземањето на датотеката. Кога преземањето ќе заврши двојно кликнете и во дијалог прозорецот-Отворање на извршна датотека? - изберете -Во ред. На следниот прозорец - Open file -Security Warning - изберете - Run. Во следниот чекор кликнете на копчето - Напред, а потоа во Одредишна папка (пребарувај)-изберете ја папката која ја креиравте и изберете - Отпакувај. Потоа избираме -следно- на волшебникот за инсталација, избираме - комплетна, потоа - следно- и на крај - Инсталирај.
Нека ви е чекирано - Создадете почетна врска на работната површина - за да можеш од работната површина да ги повикуваш програмите.










НОВО!
За учениците кои имаат Проекти од информатика поставив линк за преземање на програмата за цртање Gimp и прирачникот за Gimp .
Успешна работа!

7.27.2010

На почеток...

Среќна и успешна нова учебна година
на сите ученици од нашето убаво училиштe!


И конечно она што долго го чекавме!
Кабинет по информатика со компјутер за секој ученик.

Како резултат на донацијата од владата на РМакедонија, преку иницијативата Компјутер за секое дете, во нашето училиште се опремија дел од предметните кабинети со нова компјутерска опрема. Техничката инфраструктура вклучува:
  • Работни станици наречени Тенки клиенти поврзани во мрежа и со Интернет пристап;
  • лаптоп компјутери за одделенската настава.
На овие компјутери е инсталиран оперативниот систем Едубунту, а сите апликации се локализирани на македонски јазик.

Иако се разбира дека е очекувано да на почетокот да имате недоверба во работата во овој оперативен систем, нетреба да се грижите. Сличноста во работата во Edubuntu и Windows е голема и вие набрзо ќе се навикнете да го користите се разбира со моја помош и со помош на останатите наставници во училиштето.

Ви посакувам успех и добри оценки, а тоа ќе го постигнете само ако учите, ги почитувате и слушате наставниците, ги почитувате училишните правила и ја чувате училишната опрема. Бидете упорни и тогаш сигурно успехот нема да изостане.